Дома >> Бог? >> Кој е Бог?

Кој е Бог?

Кој е Бог? Како изгледа? Шест лични карактеристики на Бог...

Кој е Бог... Тој е Бог што човек може да Го запознае.

Човекот може да Го запознае Бог, Кој ја создаде вселената со сета нејзина големина и креативни детаљи. Тој ни кажува за Себе, па дури и повеќе од тоа. Тој нè повикува да имаме врска со Него за да може лично да Го запознаеме. Не само што може да знаеме работи за Него, туку може да Го знаеме одблизу, интимно.

„Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството. А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милоста, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,“ зборува Господ (Еремија 9:23,24).

Кој е Бог... Тој е Бог Кому човек може да Му пријде.

Бог нè повикува да разговараме со Него и да Му ги искажуваме нашите мисли и замисли. Не е потребно првин да бидеме добри, совршени, љубезни, свети или да ја знаеме целата теологија исправно за да Му се приближиме на Бог. Во Неговата природа е да нè љуби и прифаќа кога Му приоѓаме.

„Господ е близу до сите кои Го повикуваат,
до сите што Го призиваат искрено“ (Псалми 145:18).

Кој е Бог... Тој е креативен Бог.

Сè што правиме и создаваме е составено од материјали и состојки што веќе постојат или некој претходно ги создал. Но Бог ја имаа таа моќ да создава работи со Неговиот Збор и тоа не само галаксии и живот, туку и да нуди решенија за денешните проблеми. Бог е креативен за нас. Тој сака ние да бидеме свесни за Неговата моќ и да се потпреме на неа.

„Нашиот Бог е велик и Сèсилен,
нема мерка за Неговата мудрост“ (Псалми 147:5).

„... откаде ќе ми дојде помош?
Мојата помош е од Господа,
Кој ги создаде небото и земјата“ (Псалми 121:1,2).

Кој е Бог... Тој е Бог што проштева.

Ние грешиме. Сакаме да ги правиме работите на наш начин, наместо на Божјиот начин. А Тој гледа што правиме и знае што работиме. Бог не го превидува гревот, туку е подготвен да ги суди и осуди луѓето поради нивниот грев. Но сепак, Бог проштева и ќе ни прости тогаш кога ќе ја започнеме врската со Него. Исус, Божјиот Син, плати за нашиот грев умирајќи на крстот. Тој воскресна од мртвите и ни ја нуди таа прошка.

„Стануваме исправни пред Божјите очи кога поверуваме во Исус Христос за да ни ги покрие гревовите. И сите ние можеме да бидеме спасени на истиот начин, без разлика кои сме или што сме направиле... измирени сме со Бог кога веруваме дека Исус ја пролеа Својата крв, жртвувајќи го Својот живот за нас“ (Римјаните 3:22,25, слободен превод).

Кој е Бог... Тој е искрен Бог.

Исто како што некој пријател ти ги кажува своите мисли и чувства, така и Бог јасно кажува за Себе, со таа разлика што Тој е секогаш искрен. Сè што Тој вели за Себе и за нас е веродостојна информација, поточна од нашите чувства, мисли и перцепција. Бог е целосно точен и искрен кога зборува. Човек може целосно да се потпре на секое Негово ветување што го дал, бидејќи Тој е сериозен и можеме да Му веруваме на Неговиот Збор.

„Објаснувањето на Твоите зборови просветлува,
ги вразумува простодушните.
Твоето слово е светилка на мојата нога и
светлина на мојата патека“ (Псалми 119:130,105).

Кој е Бог... Тој е способен Бог.

Нели би било супер кога би бил секогаш 100% во право? Бог е. Неговата мудрост е неограничена. Тој ги разбира сите околности и аспекти на секоја ситуација, вклучувајќи ги и минатите и идните настани поврзани со таа ситуација. Ние не мора да Го убедуваме или советуваме да ја изврши вистинската работа. Тој секогаш ќе ја извршува вистинската работа бидејќи Тој го може тоа и Неговите мотиви се секогаш чисти. Затоа треба да Му веруваме, бидејќи Тој никогаш нема да ни згреши или да нè измами. Може целосно да Му веруваме дека секогаш и во сите околности Тој ќе ја направи вистинската работа.

„Навистина, нема да се засрамат оние,
кои се надеваат на Тебе“ (Псалми 25:3).


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.