Дома >> Забава? >> Отровна порнографија, отровен секс

Отровна порнографија, отровен секс:
Вистински поглед на порнографијата

Слобода од зависноста од порнографија и последиците од порнографијата

Порнографија и зависност... секс надвор од контекстот

Кога си на кампување, навистина е убаво кога во студената ноќ ќе запалиш логорски оган и ќе седнеш покрај него за да се стоплиш. Ставаш доста дрва и оставаш да горат полека. Атмосферата изгледа безбедно, романтично и опуштено. Но ако го пренесеш тој оган во дневната соба, ситуацијата ќе биде многу поинаква. Едноставно ќе ја изгори целата куќа и сите што се во неа. Сексот е сличен на оганот. Сè додека се одвива во заштитната мрежа на брачната врска, тој е прекрасен и романтичен. Но порнографијата го сместува сексот надвор од тој контекст.

Порнографија - Голем бизнис

Тоа е голем бизнис што заработува многу пари и воопшто око не му трепнува за начинот на кој ги заработува парите. Ќе ти го прикажат она што тие мислат дека ќе те привлече за да те придобијат за да купуваш што повеќе. „Минатата година без издадени 400 нови порно филмови само во Холивуд, наспроти постоечките 11 000 ... и 70 000 нови порнографски веб страници“ (New York Times, 20 Мај, 2001, „Naked Capitalists“).

Како порнографијата го претставува сексот

Еден од најважните сегменти на менталниот развој е да се има вистинска и здрава претстава за тоа кои сме ние од сексуален аспект. Ако таа слика се изврти, тогаш еден многу важен дел од тоа што сме, станува изопачен. Порно културата вели дека сексот, љубовта и интимноста се една иста работа. Во порно филмовите луѓето имаат секс со други луѓе што не ги ни познаваат, кои штотуку ги запознале. Важно е само личното задоволство. Не е важно чие тело користам, важно е да го добијам тоа што го сакам. Порното те тера да мислиш дека сексот е нешто што може да го имаш секогаш кога ќе посакаш, каде било, со кого било и без никакви последици.

Што всушност е сексот?

Начинот на кој порно културата го претставува сексот е плиток и неразумен. Врските не се градат со секс, туку со посветеност, грижа, внимателност и взаемна доверба. Во таков контекст, сексот е прекрасен. Да бидеш со некого што те љуби и те прифаќа, некој што ти е целосно посветен до крајот на животот, некому кому ти можеш целосно да му се предадеш, е тоа го прави сексот да биде одличен.

Последиците од порнографијата: Лагите на порното

Не може да ја дознаеш вистината за сексот од порнографијата. Таа не ја говори вистината. Порнографијата не е создадена за да поучува, туку за да се продава. Затоа порнографијата ќе каже какви било лаги што ќе ја привлечат и задржат публиката. Порното просперира благодарение на лагите. Лаги за сексот, жените, бракот и многу други работи. Да разгледаме некои од тие лаги и да видиме колку многу можат да го уништат твојот живот и твоите ставови.

  • Лага бр. 1 - Жените се подолу од луѓето
    Жените во списанието Плејбој се нарекуваат „зајачици“ и се претставени како слатки мали животинчиња или „играчки“, давајќи лажна слика за нив дека се играчка со која човек може да прави што сака. Списанието Пентхаус ги нарекува жените „миленици“. Порно културата често ги претставува жените како животни, играчки или делови од телото. Некои порнографски списанија прикажуваат само дел од телото или гениталиите, така што лицето воопшто не се гледа. Со тоа се омаловажуваат жените како човечки суштества кои размислуваат и чувствуваат.

  • Лага бр. 2 - Жените се „награда“
    што треба да се освои. Некои спортски списанија имаат страници одвоени за прикажување на жени во костими за капење. Тоа сугерира дека жените се игра во која треба да се победи. Порното гледа на сексот како на игра, а во игра треба да „победиш“, „освоиш“ и сл. Мажите кои го прифаќаат ваквиот поглед на работите зборуваат за тоа колку жени успеале да „освојат“. Тие ја оценуваат својата машкост со бројот на нивните „освојувања“. Секоја жена што ќе ја „освојам“ е уште еден трофеј во мојата колекција што ја потврдува мојата машкост.

  • Лага бр. 3 - Жените се сопственост
    Сите имаме видено слики со убави коли и секси девојки врз нив. Скриената порака овде е: „Ако ја купиш едната работа, ќе ја добиеш и другата.“ Хардкор порното прави чекор повеќе. Тоа ја отсликува жената како продажна стока во каталог, изложувајќи ја колку што е можно на поотворен начин за муштеријата да може подобро да види. Не е ни чудо што толку многу млади мажи мислат дека ако потрошиле нешто пари на состанокот со девојката, тогаш имаат право на секс со неа. Порното ни вели дека жените можат да се купат.

  • Лага бр. 4 - Вредноста на жената зависи од убавината на нејзиното тело
    Порно културата ги исмејува жените што не се толку атрактивни. Ги нарекува „кучка“, „дебела свиња“ и други полоши прекари, само затоа што не се вклопуваат во типот на „совршена“ жена што ни ја претставува порнографијата. На порното не му е гајле за карактерот и личноста на жената, туку само за нејзиното тело.

  • Лага бр. 5 - Жените сакаат да бидат силувани
    „Кога таа вели не, мисли да“ е типично сценарио во порно филмовите. Се прикажуваат жени кои се силуваат, кои на почетокот се обидуваат да се одбранат борејќи се, но за кратко време се предаваат и препуштаат на целосно уживање во чинот. Со тоа порното ги учи мажите да уживаат во повредувањето и малтретирањето на жените како метод на забава.

  • Лага бр. 6 - Жените треба да се деградираат
    Порно филмовите се полни со пцовки за жените. Во нив се прикажува како жените се измачуваат и понижуваат на стотици разни начини и кои згора на тоа демек бараат уште да бидат мачени и понижувани. Дали ваквото однесување покажува некаков респект и почит спрема жените? Дали покажува љубов? Или порно филмовите нè учат да ги мразиме и презираме жените?

  • Лага бр. 7 - Малите деца треба да имаат секс
    Еден од најдоходовните сегменти на порното е имитацијата на „детска“ порнографија. Овде жените ги прикажуваат да изгледаат како мали девојчиња, облечени во детска облека, со опавчиња, мечиња и сл. Пораката што се пренесува е дека е нормално возрасни луѓе да имаат секс со деца. Ова прави луѓето да ги гледаат децата на сексуален начин, како сексуални објекти и се јавува желба за секс со деца.

  • Лага бр. 8 - Илегалниот секс е забавен
    Порно филмовите често вметнуваат илегални и опасни елементи во своите филмови за сексот да изгледа „поинтересен“. Тоа сугерира дека човек не може да ужива во сексот ако сексот не е опасен, помалку чуден и недозволен.

  • Лага бр. 9 - Проституцијата е гламурозна
    Порно културата ја отсликува проституцијата како интересна работа. Но во реалноста многу од жените прикажани во разните порно материјали се избегани девојки кои се заробени во таа професија од нивните макроа. Многу од нив биле сексуално злоупотребувани. Некои од нив се заразени од неизлечиви сексуално преносливи болести кои се доста заразни и умираат доста рано. Многу од девојките се дрогираат за да избегаат од таа реалност.

Последиците од порнографијата: Заклучок

Порнографијата профитира од уништените животи на многу млади жени и ги заробува мажите во зависност, кои се спремни да потрошат многу време и пари на нејзиниот производ.

Последиците од порнографијата: Моќта на визуелното

Глупаво е да се мисли дека тоа што го гледаме не влијае на нас. Признаваме дека добрата музика, филмови и книги го збогатуваат животот. Нè опуштаат, поучуваат и инспирираат. Значи, добрите слики прават добри работи за нас. Оттука не е тешко да се поверува дека лошите слики прават лоши работи за нас.

Визулените работи (слики) имаат моќ и да нè убедат. Фирмите знаат дека ако успеат да смислат убедлива слика за нивниот производ која ќе се прикаже како реклама во клучен момент во филмот, таа слика едноставно ќе се впие во твојата потсвест. Луѓето задолжени за правење реклами и промоции се толку добри во својата работа, што можат да предвидат за колку ќе се зголеми потрошувачката на некој производ ако го гледаш често во рекламите. Понекогаш гледачите не ни успеваат да го видат името на производот што се рекламира. Една команија за кондиторски производи даде многу пари за еден нивен производ да се појави само неколку секунди во филмот „ИТИ“ (ЕТ) и како резултат на тоа, нивната продажба се зголеми неколкукратно. Зошто? Затоа што чувствата поврзани со гледањето на тоа како детето посегнува кон вонземјанинот се пренесени на визуелната слика од слаткиот производ. Ако визуелната слика од еден производ што трае само дел од секунда (а самиот производ е во втор план во кадарот) може толку драстично да влијае врз однесувањето на луѓето, замисли колку повеќе е посилен ефектот на филмот што го задржува твоето внимание цел час и половина со експлицитна сексуална содржина.

Каков е ефектот на порнографијата врз мажите?

Какви мисли предизвикува гледањето на порнографија во нашите глави? Ако продолжуваш да го храниш мозокот со погрешни работи, тогаш твојата ментална средина ќе биде толку загадена што ќе се јават многу проблеми во твојот живот. Еден од најважните сегменти на нашата ментална средина е да се има правилна и здрава слика за тоа кои сме ние како сексуални битија. Ако се замати правилниот поглед кон сексуалноста, тогаш еден важен дел од нас станува извртен, изопачен.

Зависност од порнографија: Силата на порнографијата

Не секој што гледа порно ќе стане зависен. Кај некои ќе се развие погрешна претстава за жените, сексот, бракот и децата. Но некои, поради разни емотивни причини, ќе дозволат тоа да стане зависност и да ги контролира нивните животи. На компаниите што произведуваат порно производи воопшто не им пречи ако се навлечеш на нивниот производ и станеш зависник од нив. Тоа е одлично за нивниот бизнис.

Д-р Виктор Клајн (Victor Cline) го има поделено процесот на развивање на зависност во неколку етапи: зависност, проширување, губење осет и дејствување. За зависниците од порно открив дека постои уште една етапа која е прва, а тоа е рана изложеност.

Да ги погледнеме подетално секоја од фазите:

РАНА ИЗЛОЖЕНОСТ
Повеќето мажи кои стануваат зависници од порно, започнуваат доста рано во нивната возраст. Гледаат порно кога се уште деца и на тој начин порнографијата си гради свое упориште во нивните животи.

ЗАВИСНОСТ ОД ПОРНОГРАФИЈА
Тоа е кога постојано се навраќаш на порнографијата. Станува редовен дел од твојот живот. Закачен си и не може да се откачиш.

ПРОШИРУВАЊЕ
Почнуваш да бараш повизуелно изразена порнографија. Гледаш разни типови на порнографија кои порано ти биле одвратни и незамисливи. Но сега се возбудуваш од тоа, бидејќи е ново.

ГУБЕЊЕ НА ОСЕТОТ
Почнуваш да го губиш осетот и возбудата кога гледаш слики. Го губиш интересот и при највизуелните слики. Стануваш очаен и сакаш повторно да ја почувствуваш почетната возбуда, но ништо од тоа што го гледаш не го предизвикува тоа.

ДЕЈСТВУВАЊЕ СО СЕКС
Ова е моментот кога мажите прават исчекор и дејствуваат правејќи го тоа што го виделе. Некои преминуваат од слики и филмови на вистински луѓе во светот на деструктивни начини.

Зависност од порно: Дали јас сум зависник?

Ако во твојот живот е присутна една од овие фази, тогаш мора веднаш да стиснеш на кочниците. Дали порнографијата сè повеќе ја превзема контролата над твојот живот? Дали ти е тешко да се откажеш? Дали секогаш и се навраќаш за уште повеќе?

Зависност од порно: Што можам да направам?

Првата работа што треба да ја направиш е да признаеш дека имаш проблем со порнографија. Верувај ми, нема да бидеш чудак ако го направиш тоа. Милиони мажи низ светот се заробени во разни фази од оваа зависност. И не е за изненадување бидејќи порнографската индустрија има потрошено милијарди долари за да те зароби под нивните канџи. Дали изненадува што успеале во тоа? За некои од вас проблемите со порнографијата може да водат корен од минатото, како на пример сексуална злоупотреба или рана изложеност на сексуални односи, што уште повеќе ја влошува и комплицира ситуацијата. Без помош од страна тешко дека ќе можеш да се бориш со оваа зависност.

Ти треба некој што ќе ти помогне да се ослободиш од оваа зависност. Од клучно значење е надминување на тајноста. Не може да се ослободиш од зависноста ако и понатаму ја чуваш во тајност, без никој да дознае. Тоа не значи дека треба секому да разгласиш дека имаш проблем со порнографија. Одбери некого кому веруваш, а кој им помага на мажи кои се борат со разни видови на зависности. Тој некој може да биде пасторот, водачот на групата за млади или советникот. Некому кому можеш целосно да му веруваш, да бидеш сигурен во него и да има искуство во оваа област, за да не се изненади од тоа што ќе му го кажеш.

Дали има слобода од зависноста од порнографија?

Порнографијата те заробува со нејзините лаги. Само Бог може да ни ја покаже вистината. Исус рече: „Ако продолжите да го следите Моето слово, навистина сте Мои ученици, и ќе ја знаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“1 Оние кои ги слушнаа овие зборови на Исус се навредија и возвратија: „Ние... никогаш никому не сме му робувале. Како велиш Ти: 'Ќе бидете слободни?'“2 Тогаш Исус објасни дека луѓето му робуваат на гревот, но Тој може да ги избави и ослободи.3

Гревот не само што нè заробува, туку и нè оддалечува од Бог. А никој не е совршен. Никој не е праведен во Божјите очи. За нас е кажано: „Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат.“4 Сите ние ја заслужуваме Божјата осуда и казна. Но Бог, Кој е свет и полн со љубов, обезбеди решение за нашиот грев за да не бидеме осудени. Тој лично ја превзеде казната за нашиот грев врз Себе. Исус Христос, Божјиот Син, беше измачуван и умре на крстот за нашиот грев за да ни биде простено. По три дена Исус воскресна од мртвите, како што кажа дека ќе се збидне. Сега тој ти нуди врска со Него. Една од најубавите изјави во Библијата е следнава: „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè исчисти од секаква неправда.“5

Најважната врска

Во твојата потрага по интимност и љубов, порнографијата е само провидна замена за вистинската љубов. Бог нè создал за Тој лично да ги задоволи нашите најдлабоки потреби за интимност. „Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“6 Како контраст на уништувачката моќ на порнографијата врз животите на луѓето, Исус рече: „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.“7 Бог ти ја нуди Неговата прошка преку врската со Него. Дали сакаш да Го замолиш да ти прости и да влезе во твојот живот? Тоа може да Му го кажеш и овој момент. Ако не знаеш со кои зборови да почнеш, еве мала помош:

„Господе Исусе, свесен сум за мојот грев и знам дека и Ти знаеш за тоа. Те молам прости ми и исчисти ме. Ти благодарам што умре на крстот за моите гревови. Те повикувам да влезеш во мојот живот и да почнеш да управуваш со него. Води го мојот живот како што Ти е на Тебе по волја. Ти благодарам што ми прости и што влезе во мојот живот.“



(1) Јован 8:31-32.
(2) Јован 8:33.
(3) Јован 8:34.
(4) Исаија 53:6.
(5) 1 Јован 1:9.
(6) Јован 3:16.
(7) Јован 10:10.


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.