Дома >> Рај? >> Кој е Светиот Дух?

Кој е Светиот Дух?

П: „Кој или што е Светиот Дух? Го имам сретнато овој поим на неколку места на вашиот сајт.“

Наш О: Светиот Дух е реална личност Кој престојува во вистинските следбеници на Исус Христос, откако Исус восресна од мртвите и се вознесе на небото (Дела 2). Исус им рече на Своите апостоли...

„А Јас ќе Го молам Таткото, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека: Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде со вас. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам кај вас“ (Јован 14:16-18).

Светиот Дух не е неодредена, воздушна сенка или безлична сила. Тој е личност еднаков на Бог Таткото и Бог Синот во секој поглед. Тој е третата личност од Тројството. На Своите апостоли Исус им рече:

Дадена Ми е сета власт на небото и земјата. Затоа одете и направете од сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да го чуваат сето она што ви го заповедав! И еве, Јас Сум со вас во сите дни до крајот на светот“ (Матеј 28:18-20).

Бог е Татко, Син и Свет Дух. И сите божествени карактеристики што ги имаат Таткот и Синот ги има и Светиот Дух. Кога човек ќе се нановороди преку верување и примање на Исус Христос (Јован 1:12-13; Јован 3:3-21), Бог престојува во него преку Светиот Дух (1 Коринќаните 3:16). Светиот дух има интелект (1 Коринќаните 2:11), чувства (Римјаните 15:30) и волја (1 Коринќаните 12:11).

Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за Исус Христос (Јован 15:26, 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринќаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици:

„А Утешителот, Светиот Дух, Кого Таткото ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26).

„А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16:13).

На Светиот Дух Му е дадено да живее во оние кои веруваат во Исус за да го изгради Божјиот карактер во нивниот живот. На начин на кој ние не можеме, Светиот Дух ќе ни донесе љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и воздржливост (Галатите 5:22-23). Наместо да се обидуваме да бидеме љубезни, верни, кротки, трпеливи, Бог нè повикува да се надеваме на Него дека Тој ќе ги изгради овие карактеристики во нас. Затоа на христијаните им е речено да живеат по Духот (Галатите 5:25) и да се исполнуваат со Светиот Дух (Ефешаните 5:18). Светиот Дух ги ополномоштува христијаните да се вклучат во разни служби кои го помагаат и поттикнуваат духовниот растеж на христијаните (Римјаните 12; 1 Коринќаните 12; Ефешаните 4).

Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.