Дома >> Забава? >> Потрагата по трајна убавина

Потрагата по трајна убавина

Една успешна моделка зборува за мамките и стапиците кога човек се обидува да изгради живот заснован на надворешниот изглед, наместо на внатрешната убавина.

Мојот сон да бидам на насловните страници на врвните европски списанија за мода се оствари. Просто не можев да верувам! Сè што сакав во животот е да бидам во списанијата, да заработувам многу пари и да се шетам низ светот. Борбата за сврзување крај со крај беше готова. Сега можев да изглегувам по монденските места низ Париз, мојот нов дом, и да ја вкусам славата и среќата. Зарем животот не се состои од тоа?

Фокус на надворешниот изглед

Која е твојата претстава за убавина? Што би сменил на себеси кога би можел? Која ја започнав својата кариера со Кристијан Диор на 19 годишна возраст, мојата претстава за убавина беше она што другите го мислеа за мене. Моето размислување беше: ако им се допаѓам на луѓето и ако ме ангажираат, тоа значи дека сум убава. Тоа беше навистина опасен начин на размислување бидејќи ја ставав мојата самодоверба во рацете на други луѓе и тоа што тие го мислеа за мене.

Друг начин на кој одредував дали нешто е убаво е преку дружењето. Штом работам и се дружам со најубавите жени во светот кои се појавуваат во најпопуларните списанија, тогаш мора и јас да сум убава.

Друг начин на кој си влевав сигурност дека сум убава се мажите што ги привлекував со мојата убавина. Бидејќи многу убави, интелигентни и успешни мажи ми предложуваа состанок, мислев дека сум убава. Бев позната, популарна и имав многу пријатели. Како што напредував и мојот успех растеше, луѓето сè полесно ме препознаваа и ме канеа на разни забави. Значи мора да сум убава штом имам толку многу пријатели и патувам насекаде.

Како резултат на сето тоа, станав многу егоистична, себична и водев многу себичен живот. Целото време ми беше фокусирано само на себеси. „Јас“, „Јас“ и „Јас“ беа моите три омилени збора. Целиот мој живот беше фокусиран на надворешниот изглед: мојата тежина, мојата коса, мојата облека и мојата привлечност.

Еднаш бев на двомесечна турнеја во Јапонија. Секој ден имаше група на луѓе што ми беа доделени да се грижат за сите детаљи, па дури и врзување на моите чевли. Еден човек ми го облекуваше палтото, друг ми ги закопчуваше копчињата на ракавите, трет ми ги врзуваше кондурите итн. Сето тоа ја потхрануваше мојата себичност и одважност.

Стапицата на надворешниот изглед

Исто така станав и работохолик. Работев седум дена во неделата бидејќи знаев дека во оваа работа нема гаранции и ништо не е сигурно. Можев да се најдам на улица веќе наредниот ден. Мојот изглед можеше лесно да исчезне, па затоа ги прифаќав сите понуди. Ќе работев во Германија преку денот, па ќе одлетав до Париз за вечерна ревија и наутро пак ќе се вратев во Германија. Се плашев дека можам да го изгубам сето тоа, па затоа морав да го имам и да се држам за тоа по секоја цена. Затоа и ја прифаќав секоја понуда.

Исходот од сето тоа беше што станав исцрпена и болна. Еден ден среде снимање се онесвестив и при падот го повредив коленото. За првпат во мојата кариера лежев во кревет преку ден. Тоа што не можев да работам беше најужасното чувство што кога било сум го доживеала, затоа што, иако беше само за две недели, значеше дека ќе ги испуштам сите ревии во тој период за кои веќе бев договорена. Морав да откажа дури 14 ревии. Бев скршена од тоа сознание.

Но еден ден, додека лежев во креветот почнав да размислувам за својот живот и моите вредности за убавината и за тоа каква личност сум станала.

Сфатив дека моите погледи за убавината се несоодветни. На пример, знаев дека мојот изглед ќе се смени со текот на времето. Сликите од насловните и извадоците што јас си ги сечев многу бргу застаруваа, односно излегуваа од мода. Толку напорно работев за да бидам на тие слики, а мојата агенција ги отстрануваше од моето портфолио во рок од шест месеци бидејќи се застарени. Постојано се обидував да го одржувам темпото што ми беше наметнато.

Исто така открив дека заработувањето многу пари додека си млад е супер, но одговорноста за нивното управување беше поголема отколку што можев да поднесам. Тоа ме натера да се запрашам што е тоа што луѓето всушност ги привлекува кај мене. Ако изгледав поинаку или ако имав помалку пари, дали моето момче и понатаму ќе ме сакаше таква каква што сум?

Сиве овие прашања и сомнежи ме напаѓаа додека уште бев на врвот од кариерата. Сфатив дека сето тоа е површно и плитко и одеднаш почнав да се чувствувам многу празно одвнатре. Откако се здобив со сето она што мислев дека го сакам, увидов дека нешто сеуште ми недостига. Сиот тој успех и сето внимание што го добивав не можеа да ја исполнат длабоката празнина во мене.

Што се случи? Кои се моите приоритети? За што или за кого јас воопшто живеев?

Несигурноста на надворешниот изглед

И одеднаш како гром од ведро небо сфатив дека цел живот сум го засновала и градела својот живот на работи што не се сигурни. Мојот живот се засноваше на тоа што општеството или моето момче мислеа за мене, или на тоа колку пари заработував и колку бев популарна. Увидов дека го градам својот живот на песок.

Се навратив во моите спомени од минатото, во Индијана каде израснав, кога се случи еден многу важен настан во мојот живот. Една другарка од училиште ме покани на еден концерт во нејзината црква. Прифатив бидејќи половина од хорот беше составен од момчиња, а црквата беше многу голема, па си помислив дека би можело да биде многу забавно. Од сите песни, една ми остави посебен впечаток, „Барајќи ја љубовта на погрешните места“.

Лично за мене јас не верував дека ми е потребен Бог во мојот живот. Која беше смислата на тоа? Моите родители водеа бракоразводна парница. Нивната вера не им помагаше баш многу.

Но концертот беше придружен и со кратка порака од пасторот што навистина ме погоди право во срце. При крајот на концертот, музичарите ни рекоа дека имаат некои добри вести што би сакале да ни ги кажат. Јас си мислев дека ќе ни кажат дека потпишале некој договор со некоја дискографска куќа. Но веста што сакаа да ни ја кажат е дека Бог нè љуби.

Тие зборуваа за тоа како може да се има врска со Бог преку Исус Христос. Објаснија дека Бог ме љуби безусловно и поради тоа Го испратил Својот единствен Син да умре на крстот заради моите гревови. Си реков во себе: навистина супер, безусловна љубов! Па кај го има тоа?! Не ми беше тешко да признаам дека сум сторила лоши работи во мојот живот и дека не сум се придржувала до тоа што Бог сакал да бидам. Музичарите ми рекоа дека не мора да ја придобијам Божјата наклоност, туку дека едноставно можам да го примам Божјиот дар на љубов и прошка преку Исус Христос.

Таа ноќ кажав кратка молитва барајќи од Христос да ми прости и да ме промени. Му реков дека ќе живеам за Него и ќе Му служам со мојот живот. Го поканив да влезе во мојот живот и да ја започне врската со мене.

И така си седев јас во Париз години подоцна размислувајќи за тој конкретен настан, прашувајќи се како сум дошла до тој степен од мојот живот што неговата смисла беше целосно изгубена. Сфатив дека целосно сум ја запоставила мојата врска со Бог и сум избрала своја патека и цел во животот. Не е ни чудо што се чувствував толку празно! Затоа, побарав од Бог да ми прости што живеев само за себеси и за аплаузите од околината. Исто така Му го реков и следново: „Те молам промени ме и покажи ми што е вистинска убавина.“

Првата работа што Бог ми ја покажа е опасноста на суетата. Јас долго време се борев со мојата суета. Во САД годишно се трошат 20млрд. долари на козметика, 300мил. на козметички операции, 33 мрлд. на диететски производи. Овие сувопарни податоци илустрираат колку многу време и пари трошиме на нашиот надворешен изглед. Суетата не е убава.

Поврзано со тоа беше мојата навика да се споредувам себеси со изгледот на другите жени. Љубомората е уште еден проблем во мојот живот со кој морав да се борам. Морав да научам да бидам сигурна во она што сум, во тоа што Бог ме создал, знаејќи дека Тој ме љуби без оглед на тоа како изгледам или што правам.

Несигурноста не е убава. Таа отежнува да се спријателиш со некого и да бидеш пријател некому. Исто така таа наметнува очекувања на другите да ти даваат комплименти за да се чувствуваш убаво.

Дефиниција за убавина - вистинска убавина

Што е убавина? Не е надворешниот изглед. Туку она што се наоѓа внатре во твоето срце. Понизноста е убава иако не е популарна во мојата бранша. Сигурноста и самодовербата се убави. Познавањето на Бог лично исто така е убаво, зашто да знаеш дека Тој те љуби и прифаќа таква каква што си влева сигурност и самодоверба во твојот живот. Тоа ти овозможува да бидеш слободна да се прифатиш и љубиш себеси и своите маани.

Без Христовата прошка нашиот грев нè прави грди одвнатре. Немаме мир. Ниту една шминка или операција не може да го смени тоа. Бог го гледа тоа што е во нашите срца, а со тек на време и другите ќе го увидат тоа. Само Христос може да нè направи убави во Божјите очи. Вистинската внатрешна убавина започнува кога Го поставуваме Бог во центарот на нашите животи и расте нанадвор.

Можам да ти кажам дека Исус Христос го промени мојот живот и никогаш нема да зажалам за одлуката што ја донесов да Го следам. Зошто и ти не Го поканиш Христос да влезе во твојот живот? Исус вели: „Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со Мене“ (Откровение 3:20).

Можеш да Го примиш Христос токму во овој момент преку молитва со вера. Бог го познава твоето срце и не гледа на зборовите што ќе ги кажеш, туку многу повеќе Го интересира ставот на твоето срце. Еве пример за молитва слична на онаа која јас ја молев, што би можела да ја изрази желбата на твоето срце...

Господе Исусе, ми требаш. Ти благодарам што умре на крстот за моите гревови. Ја отворам вратата од мојот живот и Те примам како мој Господ и Спасител. Ти благодарам што ми ги прости гревовите и што ми даде вечен живот. Превземи ја контролата над мојот живот и направи ме таков/таква каков/каква што сакаш да бидам.

Ако оваа молитва ја изразува желбата на твоето срце, помоли се сега и Христос ќе влезе во твојот живот, токму така како што вети.



Лора Каленберг е топ модел во Њујорк. Како топ модел пропатувала низ 22 земји и се има појавено на насловните страни на бројни списанија како Космополитен, Мери Клер и Брио. Се има појавено во рекламите на многу познати брендови. Таа е мажена за Џеф Каленберг, кој исто така е професионален манекен и имаат две прекрасни деца.

2001 © Laura Krauss Calenberg
Photos 1,3 © Michael Goldman | Photo 2 © David Sacks


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.