×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Живот и врски

Згасни ја твојата вистинска жед

Како да ја згаснеме нашата вистинска жед; пиењето до бесвест може да ни стане замена за длабоки и значајни врски со други луѓе

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Од Џуди Кларк (Judy Clark)

Едно лето во колорадо, еден пријател и јас сретнавме бегалци од Ново Мексико. Тие побегнале од средно училиште и сега талкаа наоколу, танцувајќи и очекувајќи некоја пара да падне во подадената чашка. На прв погле, човек може да си помисли дека залудно си ги трошат животите. Но откако поминав неколку часа со со Габриел, Шон, Мет и Петар, сфатив дека тие го живееја она што повеќето луѓе го посакуваат.

Овие деки имаа малку пари, никакво прибежиште, извалкани и скинати алишта, и одвај доволно храна за да преживеат. Мојот пријател и јас ги поканивме на вечера. Седевме во ресторанот, ги гледавме како четворицата ги проголтуваа хамбургерите, сендвичите и кока-колите, и ги слушавме нивните приказни.

Сите ние копнееме по вистински и здрави пријателства

Сфатив дека тие беа во длабоко поврзани еден со друг. Тие се грижеа еден за друг. Ако еден од нив добиеше нешто, го делеше со останатите. Еден од нив изеде само половина од својата храна, бидејќи сакаше да ја сподели со другарот којшто не беше со нас. Тие зборуваа за тоа као се штитат еден со друг. Си беа како родители еден на друг. Навистина се сакаа меѓусебно. Зборуваа за тоа како се исплашени, дека им недостигаат нивните мајки, како се чувствуваат напуштени и гладни. Тие живееја на начин што јас никогаш не би го избрала - но тие имаа нешто што многу чисти, образовани, „прифатливи“ луѓе го немаат.

Тие се имаа еден со друг. Тие имаа вистински врски. Тие беа поврзани.

Тоа е она што сите ние го сакаме. Сакаме вистински живот. Не сакаме да бидеме како некој 'рчко којшто постојано трча и го врти тркалото по цел ден - осамен и без да стигне некаде. Сакаме да се поврземе. Сакаме да бидеме разбрани и да го разбереме другиот. Сакаме да бидеме дел од една заедница во којашто секој се грижи за другиот.

„Сакаме да разбереме и бидеме разбрани. Сакаме да се поврземе. Сакаме да бидеме дел од една заедница во која луѓето се грижат едени за други.“

Мојата пријателка Ребека неодамна дипломираше на универзитетот Вандербилт. Кога се соочи со влегувањето во „вистинскиот свет“, таа ми рече: „Сакам само да бидам Амиш.“ Нејзиниот коментар немаше никаква врска со религијата, туку се однесуваше на заедницата. Тие имаат соседи и семејства. Тие си помагаат едни на други во градењето амбари. Тие доаѓаат на помош за да го спасат оној којшто е во опасност. Животот е едноставен и бавен, и можеш да се справиш со она што те очекува зад аголот, бидејќи знаеш дека не си сам. Звучи убаво, зарем не?

Мислам дека ние сме гладни за врски кои се трајни, полни со доверба и возбуда. Многумина од нас израснале во домови каде што нашите татковци работеа до премногу доцна во канцеларијата за да добијат уште едно унапредување и за да можат да купат БМВ или најнова Тојота. Мајките имаа универзитетски дипломи и фамилиите сакаа да имаат додатен приход, па така и мајките одеа на работа.

Нашите родители живееја под ист покрив, но само на тоа и се сведуваше. Односите се распаѓаа и процентот на разводи нагло се зголемуваше.

Пивото: популарна замена за здрави врски

Без разлика дали се работи за Пријатели или некоја друга серија, уживаме да гледаме луѓе кои изгледаат поврзани. И очајно го сакаме тоа за самите себе. Сакаме и ни требаат добри односи, но најискрено, тоа е болно и ризично.

И така, што да правиме? Кој може да направи да се чувствувам добро? Кај кого можам да дотрчам? Кој може да ми помиогне да побегнам од светот на неповрзаност, па макар и за кратко?

Ако и ти си како многу студенти, се гушкаш со пивото или милуваш шише полно со вино. Алкохолот те прави да се чувствуваш добро и релаксирано. Лесно се доаѓа до него и секогаш е присутен кога ти треба. Не му е грижа како изгледаш. Те прави да се чувствуваш расположен, привлечен и прифатен.

Ваквата врска е успешна некое време, но потоа се будиш. Сè е само за една вечер. Воопшто не е и врска. Тешко е да се поврзеш со луѓе, но лесно е да се поврзеш со едно шише. Тоа ја олеснува неудобноста што понекогаш се случува кога се поврзуваш со други.

Веројатно не си изненаден што слушаш дека бараме љубов на секакви погрешни места. Писателот и психолог Д-р Хенри Клауд пишува: „На сите ни е потребна љубов за време на првите години од животот. Ако не ја примиме таа љубов, гладуваме по неа остатокот од животот. Оваа глад за љубов е толку моќна што кога не успеваме да ја задоволиме во врските со другите луѓе, бараме на други места, како што се храна, работа, сексуална активност, или трошење на пари... прекумерно пиење, или прекумерно работење.“1

Шели, една студентка на универзитетот во Алабама, рече: „Можам да ја поминувам секоја вечер во кафичите дружејќи се со моите пријатели кога сме пијани, но кога ќе ги видам следниот ден на факултет, немаме што да си кажеме еден на друг.“ Шели има пријателства, но таа ги опишува во најдобар случај како површни. Нејзината вистинска потреба да се поврзе со луѓето не е задоволена.

Бен, од друга страна, излегува да пие со своите пријатели и алкохолот ги олабавува за да разговараат за работите што навистина им се важни. Нивните пријателства изгледаат длабоки. Но Бен вели: „Трева да научам како да бидам реален без да се потпирам на алкохолот.“

Ние сме навистина жедни за здрави врски

Д-р Клауд продолжува понатаму и вели: „Луѓето се обично зависни од некоја извесна работа, како на пример алкохол, кокаин, брзина, работа, коцкање, разорувачки врски, религиозност, постигнување и материјализам. Овие активности и супстанци никогаш не задоволуваат, бидејќи не се справуваат со вистинскиот проблем. Нам всушност не ни треба аклохолот, уличните дроги или сексот. Ние многу добро можеме да живееме и без тие нешта. Меѓутоа, навистина ни се потребни врски, и не можеме добро да живееме без нив.“ (нагласокот е мој)2

Кога ги прашувам студентите зошто пијат, многумина од нив одговараат: „Забавно е.“ Површински гледано, тоа е прифатлив одговор. Но, да ја оставиме забавата настрана, дали некогаш си се прашувал зошто воопшто пиеш? Можеби се работи за привремено бегство од стрес, несигурноста на иднината или притисок од друштвото.

„Кога имаш добри односи со луѓето, немаш потреба да најдеш сигурност во нешто друго, без разлика дали тоа е алкохол, секс, или храна.“

Кога имаш добри односи со луѓето, немаш потреба да најдеш сигурност во нешто друго, без разлика дали тоа е алкохол, секс, или храна. Кога имаш добри односи, помалку е веројатно дека ќе се обидеш да ја исполниш празнината со нешто друго. Кога имаш добри односи со луѓето, некои од најдлабоките потреби ти се задоволени.

Д-р Клауд понатаму вели: „Поврзувањето е една од најосновните и темелните идеи во живототи во вселената. Тоа е основната човекова потреба. Бог нè создал со глад за поврзување - со Него и со нашите ближни. Во сржта на нашето битие ние сме создадени за да да бидеме поврзани. Без солиден однос на поврзаност, човечката душа ќе се заплетка во психолошки и емоционални проблеми. Душата не може да просперира без да биде поврзана со другите.“3

Кој може да ми помогне да побегнам од светот на не поврзаност?

Како учиме да се поврзуваме? За тоа може да се напише друга статија или книга. Почни со тоа што ќе бидеш искрен со себеси. Можно ли е причината што пиеш или јадеш премногу, или премалку, или го злоупотребуваш сексот или се стремиш кон совршенство, да е бидејќи ти се потребни врски со луѓето?

Ако е така, постојат многу добри книги за тоа како да градиш односи со луѓето (вклучувајќи ги и оние напишани од д-р Клауд). Но постои една клучна врска којашто нуди вистинска основа за здрави врски со луѓето. Д-р Клауд зборува за нашата потреба да бидеме поврзани на значаен начин, како со луѓето, така и со Бог. Францускиот филозоф и физичар Блез Паскал рекол дека во срцето на секој човек постои празнина во форма на Бог која што не може да се пополни со создадени нешта.

Можеме ли да имаме врска со Бог кој нè создал? Можеме ли да се поврземе со Бог? Не зборувам за некојси бог кој ти дава список на забранети и дозволени работи. Или за големиот полицаец од небото кој е подготвен да те казни при најмалата грешка. Зборувам за врска со Бог која се заснова на љубов, и вистина, и слобода, и внатрешен мир.

Како да отпочнеш пријателство со Бог

Бог те создаде за да Го познаваш. Ти го знаеш тоа во сржта на твоето битие. Ние имаме бунтовнички дух кој му вели на Бог: „Еј Ти, оди си по Свој пат, а јас ќе си одам по свој. Немој да ми додеваш додека не ми притребаш.“ Некои од нас го рекле тоа. Некои само си мислат дека ако успеат да ја игнорораат целата работа во врска со Бог, ќе ја снема. А други пак од нас велат дека сакаме блискост со Бог, но дека сакаме да дојдеме кај Него на наш начин - обидувајќи се да го заслужиме нашиот пристап при Него. Вистината е тоа дека ниеден од нас не може да го заработи или заслужи заедништвото со совршениот Бог.

„Како што пиењето или прејадувањето имаат свои последици, така е и со бунтовништвото против Бог или игнорирањето на Бог.“

Како што пиењето или прејадувањето имаат свои последици, така е и со бунтовништвото против Бог или игнорирањето на Бог. Можеби нема ни да ги забележиш последиците, но на крај тие ќе те стигнат. Бог вели дека последицата е вечна одвоеност од Него. Ти си сега на факултет, и се надевам дека ти е забавно и дека се подготвуваш за твојата иднина. Тешко е да се размислува од перспектива на вечноста... но никогаш не се знае. Мојот пријател Стив кој има 20 години, може и нема да биде жив кога ти ќе го читаш ова. Тој умира бидејќи доби сида од заразена крв. Тој нема избор освен да се соочи со вечноста сега.

Бог направил пат до Себе за да може да Го познаваме овде на земјата и засекогаш. Тој го направи тој пат испраќајќи Го Исус на земјата, за да биде во наша кожа и да живее совршено. Но, тоа не е сй. Ние заслуживме казна за нашите гревови, но Исус беше подготвен да се жртвува Себеси на крстот наместо нас. Сй што треба да направиме за да Го познаваме Бог, е да ја положиме нашата доверба во дактот дека Исус плати за ѓубрето во нашите животи кое нй одделува од совршениот Бог. Ти можеш да го прифатиш тоа и да ја положиш својата вера во Него, или можеш да избереш да Го отфрлиш. Тоа е твоја одлука.

Кога се помолив на Бог и Му кажав дека сакам да Го познавам, и ја ставив мојата доверба во смртта на Исус за мене, тогаш отпочна мојата врска со Него. Оттогаш сум поврзана со Бог Којшто владее со целата вселена. Кога нашата врска е блиска, мојот живот е поинаков. Не морам да се растрчувам насекаде обидувајќи се да го најдам следнотот нешто кое ќе ме задоволи - без разлика дали тоа се тоа пари, пиење или прекумерна работа. Кога Му свртувам грб, талкам наоколу обидувајќи се да ја најдам состојката што недостасува.

Не знам со што се соочуваш ти сега. Не знам како се манифестираат симптомите во твојот живот. Можеби се работи за прекумерно пиење, секс или дроги. Или преокупираност со вежбање. Или е тоа што се убиваш со учење само за да имаш сите десетки - за да се чувствуваш добро во врска со себеси. Сите овие се замена за нашата вистинска потреба за поврзување со луѓето и со Бог. Сите ние ја имаме онаа празнина во нас којашто единствено заедништвото со Бог може да ја исполни.

Можеби ти сакаш да отпочнеш врска со Бог токму сега. Сй што треба да направиш е да Му го кажеш тоа. Тој ја знае желбата на твоето срце и Нему тоа му е поважно од твоите зборови. Можеби ќе сакаш да го изразиш тоа слично на ова:

„Боже, сакам да Те познавам. Сакам да бидам поврзан со Тебе. Се обидував со други работи да ја исполнам мојата потреба за Тебе, но не ми успеа. Прости ми што најпрвин не дојдов кај Тебе. Ти благодарам што ме сакаш и што сакаш да Те познавам. Го прифаќам фактот дека Ти го овозможи ова заедништво преку смртта на Исус. Ти верувам. Амин.“

Ќе искусиш како заедништвото со Бог те исполнува и те прави да се чувствуваш задоволен. Кога си поврзан со Бог, ја имаш основата за да градиш значајни, трајни и осмислени врски. Згасни ја твојата вистинска жед.

 Јас тукушто Го примив Исус во мојот живот (следуваат некои информации што ќе ти бидат од помош)…
 Можеби сакам да Го поканам Исус во мојот живот, (те молам објасни ми како да го направам тоа…)
 Имам прашање…

Фусноти: (1) Д-р Хенри Клауд и Д-р. Џон Таунсенд, Граници (Grand Rapids, Mich.: Zondervan, 1992), 220.
(2) Д-р Хенри Клауд, Промени што лекуваат (Grand Rapids, Mich.: Zondervan, 1992), 64.
(3) Ibid., 47.


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More