Прекрасно е да се слушне дека си Го поканил/а Исус во твојот живот! Кога ти ја донесе таа одлука и Го покани да влезе во твојот живот, важно е да бидеш сигурен/на во врска со ова: Дали Бог те слушна? Да. Прво Јованово 5:14 ни кажува: „И ова е увереноста која ја имаме во Него: дека нè слуша ако бараме нешто според Неговата волја.“ Исус вети дека ако Го поканиш - ќе влезе во твојот живот.
Во Откровение 3:20 Исус вели: „Еве, стојам пред вратата и чукам: ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него.” Дали ти на Бог Му ја отвори вратата на твоето срце? Ако си го направил/а тоа, што Тој рекол дека ќе направи? Дали Бог би те излажал?
Во Јован 6:37, Исус вели: Сè што Ми дава Таткото, ќе дојде кај Мене, а оној кој доаѓа кај Мене нема да го истерам.“ И во Јован 10:27-29 Исус вели: „Моите овци го слушаат Мојот глас. Јас ги познавам, и тие одат помене. Јас им давам вечен живот и никогаш нема да загинат и никој нема да ги отме од Мојата рака. Мојот Татко, Кој ми ги даде, поголем е од сите, и никој не може да г отме од раката на Мојот Татко.“
Исус умре на крстот за нашите гревови, за ние да можеме да бидеме блиски со Него. Нему не му е сеедно. Тој поминал низ многу тешкотии за да нè приведе кон Себеси. Исус на Себе ги зеде нашите гревови и нас нè прекри со Неговата праведност, на тој начин правејќи нè праведни и целосно прифатени од Него. Ние не мораме најприн да живееме добри животи, или да извршуваме некои религиозни обреди, или со години и години да Го преколнуваме и молиме да ни прости и да нè направи блиски со Него. Тој Самиот направи да можеме ние да имаме врска со Него. И ние дојдовме при Него врз основа на она што Тој го направи за нас, а не врз основа на она што ние го правиме за Него. Тој плати за нашите гревови, за да ни прости и да влезе во нашите животи. Прво Петрово 3:18 вели: „Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш. Праведниот за неправедните, за да може да нè доведе кај Бог.“
За подобро да Го запознаеш Бог, поминувај време во читање на Неговиот Збор (Библијата) замолувајќи Го да ти Се открива сè повеќе, и да го зајакнува вашиот однос. Евангелието според Јован (четвртата книга од Новиот Завет) ти го препорачуваме како добро место за почеток.
И слободно обраќај Му се на Господ. Библијата нè охрабрува: „Не грижете се за ништо, туку во сè, преку молитва и благодарност, искажувајте ги своите барања пред Бог! А Божјиот мир, што го надминува секое разбирање, ќе ги штити вашите срца и вашите мисли во Христос Исус.“ (Филипјаните 4:6,7)
Би сакале да те известиме за некои Семинари, проучувања на Библијата на академски начин кои ги организира Студентската организација-Секој Студент. Слободно прати ни email. Од нас ќе примиш само повратен email.