Британскиот филозоф, др. Ентони Флу, беше главен говорник за атеизмот, активно вклучувајќи се во секакви дебати. Но, научните откритија последните 30 години го доведоа до заклучок кој не можеше да го избегне. Во едно видеоинтервју во декември 2004, тој изјави: „Надинтелигенцијата е единственото добро објаснување за потеклото на животот и комплексноста на природата“.1 Во неговиот заклучок се истакнуваа откритијата за ДНК. Еве зошто!
ДНК во нашите клетки наликува на сложена компјутерска програма.
На сликата одлево, може да видите дека компјутерската програма е составена од серија на единици и нули (наречени бинарен код). Секвенцата и подредувањето на единиците и нулите е она што прави компјутерската програма да работи правилно.
На ист начин, ДНК е составена од четири хемикалии, скратено наведени со буквите A, T, G, и C. Слично како со единиците и нулите, овие букви, во човечката клетка, се подредени на следниов начин: CGTGTGACTCGCTCCTGAT и така натаму. Редоследот по кој се наредени дава упатства на клетката како да функционира.
Она што е чудесно е дека во тој мал простор во секоја клетка од вашето тело, овој код е долг три билиони букви!!2
За да се прочита целата содржина на ДНК информациите во една клетка, „ако се читаат три букви во секунда, потребни ќе бидат триесет и една година, дури и ако се чита деноноќно“.3 Чекајте, ова не е сè.
Одредено е дека 99,9% од вашата ДНК е слична со генетскиот материјал на секој друг човек.4 Она што ве прави вас да бидете уникатни е незначителната разлика како овие три билиони букви се подредени во вашата клетка.
Владата на САД може да го идентификува секого во земјата со помош на девет цифрен број за социјално осигурување. Сепак, во секоја клетка од вашето тело постои ДНК структура од три билиони букви која ви припаѓа само вам. Овој код ве идентификува вас и постојано го насочува однесувањето на вашите клетки.
Др. Франсис Колинс, директор на Проектот за човечки геном (кој ја исцрта структурата на човечката ДНК), рече дека „ДНК може да се сфати како запис со упатства, софтверска програма, седиште на јадрото на клетката“.5
Пери Маршал, информатички специјалист, зборува за импликациите на ова. „Не постои компјутерска програма која не била создадена... (без оглед) дали е тоа код, програма, порака пренесена јазично, секогаш постои интелигентен ум зад тоа“.6
Исто како што се прашуваше поранешниот атеист, др. Ентони Флу, легитимно е и вие да се прашувате во врска со овој код од три билиони букви... кој го напишал тој запис? Кој го ставил овој функционален код во клетката?
Исто како кога се шетате по плажа и во песокот забележувате: „Мики ја сака Мишел“. Знаете дека раздвижените бранови не го запишале тоа во песокот – некоја личност го сторила тоа. Тоа е конкретна порака, јасна комуникација. На сличен начин, ДНК структурата е комплексна, запис од три билиони букви, кој дава информации и упатства за процесите во клетката.
Како може да се објасни оваа софистицирана порака, шифра која постои во нашите клетки?
На 26-ти јуни, 2000-та, претседателот Клинтон им честиташе на оние кои го завршија секвенцирањето на човечкиот геном. Тој рече: „Денес го учиме јазикот на кој Бог го создаде животот. Уште повеќе се восхитуваме на комплексноста, убавината, чудесноста на најбожествениот и свет дар на Бог“.7 Др. Франсис Колинс, директорот на Проектот за човечки геном, се појави на подиумот после Клинтон, велејќи: „За мене претставува понизност и ме вдахнува со восхит сознанието дека успеавме, за прв пат, да ѕирнеме во сопствениот прирачник, кој му беше познат само на Бог“.8
Кога ја анализираме ДНК структурата во човечкото тело, не можеме да побегнеме од присуството на интелигентен (неверојатно интелигентен) дизајн.
Според Библијата (која сама по себе е неверојатно комплексна) Бог не само што е Автор на нашето постоење, Тој е и односот што му дава смисла на нашето постоење. Сите недостижни цели во животот по кои копнееме... доволно сила за секоја ситуација, радост, мудрост, сознанието дека сме сакани... сето тоа Бог ни го дава додека го слушаме и му веруваме. Исто како што ја создал ДНК во нашата клетка, тој ни нуди да нè води за нашиот живот да функционира правилно, за Негова слава и за наше добро, бидејќи нè сака.
Зошто ДНК е важна? Таа е уште еден доказ за Бог. Тој ги создал нашите тела. Можеме да му веруваме дека ќе ги дизајнира и нашите животи. Дали некогаш си почнал/а да градиш однос со Бог? Еве објаснување како можеш да го сториш тоа: Запознај го Бог лично.
За дополнителни докази кои се обидуваат да одговорат на прашањето „Дали Бог е реален?“ погледни го Дали постои Бог?
► | Како да започнеш лична врска со Бог? |
► | Имам прашање… |
Фусноти: (1) Healthy-elements.com/atheists.html (2) Francis S. Collins, директор на Проектот за човечки геном, The Language of God, (Free Press, New York, NY), 2006, стр 1. (3) Ibid. (4) Ibid, стр. 125. (5) Ibid, стр. 102. (6) Perry Marshall, информатички инженер, cosmicfingerprints.com. (И други концепти од оваа статија може да се дело на Пери Маршал). (7) Francis S. Collins, The Language of God, стр. 2. (8) Ibid, стр. 3.