×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Запознај го Бог

Запознај го Бог лично

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Што е потребно за да се запознаеш со Бог лично? Да чекаш гром да удри? Да се посветиш себеси на несебични религиозни дела? Да бидеш добра личност за да може Бог да те прифати? НИТУ едно од овие. Бог ни кажува многу јасно во Библијата како да го запознаеме. Следниве неколку реченици појаснуваат како можеш лично да го запознаеш Бог, уште веднаш…



Прва вистина: Бог те љуби и за твојот живот има прекрасна замисла.

Бог те создаде. И не само тоа, Тој толку многу те љуби што сака да Го познаваш и да ја поминеш вечноста со Него. Исус рече: „Зашто Бог толку го засака светот што го даде Својот единороден син, та секој кој верува во Него да не загине туку да има вечен живот."1

Исус Христос дојде за да може секој од нас лично да Го запознае и разбере Бог. Само Исус може да ни даде смисол и цел во животот.

Што нè спречува да Го запознаеме Бог?



Втора Вистина: Сите ние правиме гревови и нашите гревови нè одвојуваат од Бог.

Ние ја чувствуваме таа одвоеност, таа оддалеченост од Бог заради гревот. Библијата ни вели: „Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат".2

Длабоко во нас, нашиот став може да биде бунтовен или да бидеме пасивни и индиферентни кон Бог и кон Неговите замисли, но сите овие работи се доказ за тоа што Библијата го нарекува грев.

Резултатот од гревот во нашите животи е смртта - духовна одвоеност од Бог.3

Оваа илустрација ја покажува големата бездна што постои помеѓу нас и Бог. Стрелките ни покажуваат како со сопствени сили настојуваме да дојдеме до Бог. Се трудиме преку добри дела, преку добар живот или со некоја филозофија или религија. Но нашите сопствени сили не се доволни да го покријат нашиот грев.

Како може да ја преминеме оваа бездна?



Трета Вистина: Исус Христос е единственото Божјо решение за нашиот грев. Преку Него може да ги препознаеме и доживееме Божјата љубов и замисла за нашите животи.

Ние заслуживме да платиме за нашите гревови. Проблемот е што казната што треба да ја платиме е смрт. За да не мора да умреме одвоени од Бог, Исус Христос заради Неговата љубов кон нас, умре наместо нас. На крстот Исус го зеде целиот наш грев врз Себе и комплетно, целосно ја плати казната. „Зашто Христос умре за гревовите...преведниот за неправедните, за да може да нè доведе кај Бог."4 „...нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост."5 Заради Исусовата смрт на крстот, гревот што го имаме повеќе не мора да нè одвојува од Бог.

„Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине туку да има вечен живот".6

Исус не само што умре за нашите гревови, туку и воскресна од мртвите.7 Со тоа, Тој без сомнение докажа дека со право може да ни вети, вечен живот, дека Тој е божјиот Син и дека само преку Него може да Го запознаеме Бог. Затоа Исус рече: „Јас Сум Патот, Вистината, и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене."8

Наместо се повеќе и повеќе да се трудиме да стигнеме до Бог, Тој ни кажува како може да го запознаеме уште веднаш. Исус вели, „Дојдете кај Мене." „Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие. Кој верува во Мене...од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода."9 Само поради Неговата љубов кон нас Исус издржа на крстот. И Тој сега нè поканува да одиме кај Него, за да може да Го запознаеме Бог лично.

Не е доволно само со разумот да знаеме што Исус направи за нас и што Тој ни нуди. За да Го запознаеме Бог, ние треба да Го примиме Исус во нашиот живот...



Четврта Вистина: Мораме лично да Го примиме Исус Христос како Господ и Спасител.

Библијата ни вели: „А на сите што Го примија, им даде право да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име.”10

Ние Го примаме Исус преку вера. Библијата ни вели: „Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој.”11

Да се прими Исус значи да се верува дека Тој е Божјиот Син, што и самиот тврдеше, и да Му дозволиме Тој да го води и управува нашиот живот.12 Исус рече: „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.”13

И еве ја поканата на Исус. Тој рече: „Еве, стојам пред вратата и чукам: ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него.”14

Како ти ќе одговориш на поканата на Исус?

Земи ги во предвид овие два круга

Себично насочен живот

Јас - Јас сум на престолот.

Крстот - Христос е надвор од животот.


Живот насочен кон Христос

Јас - Јас сум Му потчинет на Христос.

Крстот - Христос е во животот и на престолот.


Кој круг најдобро го претставува твојот живот? А кој круг би сакал да го претставува твојот живот?

Запознај Го Исус лично...



Ти можеш да Го примиш Христос уште веднаш. Сети се дека Исус вели: „ Еве, стојам пред вратата и чукам: ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него.”15 Дали би сакал да одговориш на Неговата покана? Еве како би можел.

Бог го познава твоето срце и за Него поважен е ставот на срцето, отколку твоите зборови. Доколку не знаеш како да се помолиш, еве еден предлог што може да ти помогне:

„Господе Исусе, сакам да Те запознаам. Сакам да дојдеш во мојот живот. Ти благодарам што умре на крстот за моите гревови за да можам да бидам целосно прифатен од Тебе. Само Ти можеш да ми дадеш сила да се променам и да станам личност каква што си ме создал да бидам. Ти благодарам што ми прости и што ми даде вечен живот со Бог. Целосно Ти го предавам мојот живот. Води ме. Амин.”

Доколку ти навистина Го покани Исус Христос во твојот живот, тогаш Тој навистина влезе во твојот живот, како што ти вети. Ти Го запозна Бог лично.

Она што следи е животно патување исполнето со промени и растеж како што ке Го запознаваш Бог подобро преку читање на Библијата, молитва и заедништво со други Христијани.

 Јас тукушто Го примив Исус во мојот живот (следуваат некои информации што ќе ти бидат од помош)…
 Имам прашање…

Фусноти: (1) Јован 3:16 (2) Исаија 53:6 (3) Римјаните 6:23 (4) 1 Петрово 3:18 (5) Тит 3:5 (6) Јован 3:16 (7) 1 Коринтјаните 15:3-6 (8) Јован 14:6 (9) Јован 7:37,38 (10) Јован 1:12 (11) Ефесјаните 2:8,9 (12) Јован 3:1-8 (13) Јован 10:10 (14) Откровение 3:20 (15) Откровение 3:20<


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More