Прашање: "Зошто да веруваме во Исус? Што ми нуди Исус?"
Нашиот одговор: Подолу има неколку изјави дадени во нивен контекст, овде на земјата.
Излез од темнината – „Јас - Светлината - дојдов во светот, та ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина“1.
Исполнетост, крај на нашата внатрешна жед – Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот”. Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб”. Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни“2.
Насока во животот – Исус пак прозборe натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот”3.
Отплата за нашите гревови – „Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина”4. Тој ги поучуваше своите ученици, велејќи им: „ Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат”5.
Живот во изобилие – Исус, затоа, повторно им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно. Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците“6.
Опростување на гревовите – „И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите”. А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца: ”Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Бог?” И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца? Што е полесно, да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’ Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата...: ”Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!” И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!”7
Вечен живот – „Сè што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам; зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил. А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сè што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден. Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден”8.
► | Како да започнеш лична врска со Бог? |
► | Имам прашање… |
Фусноти: (1) Јован 12:44-46 (2) Јован 6:32-35 (3) Јован 8:12 (4) Матеј 20:25-28 (5) Марко 9:31-32 (6) Јован 10:7-11 (7) Марко 2:3-12 (8) Јован 6:37-40