×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
П & O

Како може Бог на љубовта да испраќа луѓе во пеколот?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Наш О: Наведуваме неколку работи за размислување:

(1) Бог им дал на сите луѓе доволно докази за да знаат дека Тој постои.

  • „Зашто она што може да се знае за Бог ним им е откриено; бидејќи Бог им го откри тоа. Неговите невидливи особини, Неговата вечна сила и божествената природа, јасно се гледаат уште од создавањето на светот, и можат да се разберат преку создаденото, па немаат оправдание“ (Римјаните 1:19-20).
  • „Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце“ (Псалм 19:1).

(2) Луѓето сепак одбрале да не Го познават.

  • „Бидејќи Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на создаденото наместо на Создателот“ (Римјаните 1:25).
  • „Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!““ (Псалм 14:1).
  • „Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат“ (Исаија 53:6).
  • „Бог гледа на човечките синови од небесата, да види има ли некој разумен да Го бара Бога. Но, сите свртија заедно, сите се расипаа; никој не прави добро, нема ниеден“ (Псалм 53:2-3).
  • „Во последните денови ќе настапат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат себични, среброљупци, фаленичари, горделиви, пцујачи; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без љубов, непомирливи, злобни клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви“ (2 Тимотеј 3:1-4).

(3) Затоа, Бог им го дава на луѓето тоа што го бараат и сакаат.

Бог сака сите луѓе да бидат спасени од нивните гревови и да ја познаат Неговата вистина (1 Тимотеј 2:3-4). Тој сака сите да се покаат и да се обратат кон Него (2 Петар 3:9). Но Библијата вели дека Бог не се наметнува со сила на луѓето. Тој дозволува луѓето да Го отфрлат иако тоа не Му се допаѓа. Бог е љубов (1 Јован 4:16), но Тој дозволува луѓето да ја отфрлат Неговата љубов и да останат во своите гревови.

Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме судени пред Божјиот трон (Откровение 20:11-13). Секој чие име нема да биде во „книгата на животот“ ќе биде фрлен во огненото езеро (Откровение 20:15).

Бог им рече на Израелците: „Пред вас ставам: живот и смрт, благослов и проклетство. И така, избери го животот“ (Второзаконие 30:19). На некој начин тој избор ни е понуден и нам: благослов или проклетство, живот или смрт, Божја љубов или Божји гнев.

За некои е нелогично Бог во исто време да биде љубов и гневен. Но мора да имаме на ум и дека доста работи за Бог се над нашето сфаќање. Божјата љубов и Неговиот гнев се компатибилни на начин што ние не го разбираме.

Иако не разбираме целосно, изборот останува пред нас. Бог вели дека сите ние заслужуваме осуда и смрт и тоа во овој момент. Исус отворено кажа: „...ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во своите гревови“ (Јован 8:24). Но Тој го прима секој што ќе побара прошка од Него во кој било момент, за да не биде осуден од Него, туку да му биде простено и да се помири со Него. Исус рече: „Вистина, вистина, ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку премина од смрт во живот“ (Јован 5:24). За да дознаеш како да започнеш врска со Бог и да примиш вечен живот, разгледај ја страницата Поврзи се.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More