Од Брендон Маркет (Brandon Markette)
Ако има една работа што ги обединува сите луѓе во светот и низ историјата, тоа е смртта. Сите треба да се соочиме со неа. Никакви методи на медитација, вежби, диети или пари не можат да ја избегнат. Смртта ги доведува сите луѓе, и богати и сиромашни, на исто рамниште.
Неизбежноста на смртта, заедно со несигурноста за идниот живот, раѓа страв кај многумина. Тоа го гледаме насекаде, на секој агол. Каде и да се свртиме, ние, луѓето се обидуваме да го сопреме процесот на стареење. Се надеваме дека наредната операција, новото апче или новото откритие во генетиката ќе ги продолжат нашите животи.
Не секој гледа на смртта со страв и несигурност. Пред неколку години еден мој пријател се соочи со овој непријател без лице. Кога имаше 16 години му пронајдоа рак на желудникот. Лекарите се обидоа со сите можни третмани да го излечат, но без упех. Во рок од година ипол Роб беше во три болници во два разни града. За тој период тој ослабе 40 кила и ја изгуби сета коса. За жал, по 18 месеци, немаше што повеќе да се стори за него.
Лекарите ги исцрпеа сите можности и на крај го испратија дома и му рекоа да ужива во остатокот од животот што му преостанува. Тоа ме погоди навистина тешко и Му бев многу лут на Бог, затоа што не сакав да го изгубам мојот драг другар. Бев гневен зашто Бог не го исцели и затоа што Роб е млад и ќе пропушти толку многу работи од животот.
Изненадувачки, но Роб не беше лут и гневен како мене. Туку напротив, изгледаше како тој да ја очекува страшната судбина со таква возбуда, каква што се доживува на првото излегување со девојка. И до ден денешен сум навистина вчудоневиден од неговата смирена реакција додека се соочуваше со тој озлогласен непријател.
Тој мир во него не беше само природен и опуштен поглед на животот. Ниту пак произлегуваше од безгрижниот став што некои луѓе го имаат кога се соочуваат со слични работи и само велат: „гајле ми е“. Туку тој мир доаѓаше од една одлука што Роб ја донесе неколку месеци пред да биде воспоставена дијагнозата. Со таа одлука, Роб најде мир со Бог.
Мирот што Роб го имаше, го најде во Библијата. Во книгата на Римјаните, тој прочита дека „сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:23). Тој исто така го прочита и следново: „Зашто заслуженото за гревот е смрт, но бесплатниот дар од Бога е вечен живот во Христос Исус“ (Римјаните 6:23).
Исаија зборуваше за Исус кога ги напиша зборовите: „Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот“ (Исаија 9:6). Кнезот на Мирот дојде на земјата за секој човек да може да има мир со Бог. Роб одлучи да поверува во Исус, и мирот што се јави како резултат на тоа беше повеќе од очигледен.
Роб не е единствената личност што мораше или требаше да ја донесе таа одлука. Сите ние мора да донесеме одлука. Треба да одлучиме дали ќе го примиме Божјиот дар на вечен живот. Ако го отфрлиме Неговиот дар, тогаш сме осудени на духовна смрт, т.е. на вечна одвоеност од Бог. Ако пак го примиме, тогаш имаме вечен живот.
Вечниот живот не значи дека ќе ја избегнеме физичката смрт, но ќе може многу полесно да се соочиме со неа, ако знаеме дека таа води кон вечен живот на небесата. Оваа вистина ја откри и Роб и врската што тој ја имаше со Бог го промени неговиот живот. И јас ја открив оваа вистина и навистина, врската со Бог секојдневно го менува мојот живот.
Ако и ти се соочуваш со смрт, или имаш прашања за животот по смртта, или се мачиш со овој живот, сеуште може да се здобиеш со мир и надеж. Те молам прочитај го: Запознај го Бог лично.
► | Како да започнеш лична врска со Бог? |
► | Имам прашање… |