×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Суштински прашања

Дали Бог е добар?

Прочитај повеќе и на следниот пост: Каде е Бог среде трагедиите?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF
 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

Македонски превод на транскриптот на видеото:

Дали Бог е добар? Ако е, тогаш зошто има страдање и зло?

Ајде да си замислиме за момент дека Бог е семоќен. Тоа значи дека Бог може да стори сè што е логички возможно. Значи, може да создаде галаксии, и субатомски честички, и прашуми, и тебе.

Но Бог не може да го стори она што е логички невозможно. Тој не може да создаде круг во форма на квадрат, ниту пак стап со еден крај. Па, дали Бог може да создаде толку голем камен што ни би можел да го подигне? Не.

Што ако, кога Бог ги создаде луѓето, сакаше тие да бидат слободни. Слободата е добра работа. Но, ако луѓето можат да бидат слободни, тогаш не можат да бидат присилени да му бидат послушни на Бог – зашто слободата без право на избор е како круг во форма на квадрат. Тоа е логичка спротивност. Без избор, нема слобода.

Бог не сака роботи. Тој сака вистински луѓе.

Првите луѓе надарени со неверојатна моќ на слободен избор, ја злоупотребија својата слобода. Трагичните последици од нивниот лош избор и нашите лоши избори се разнесоа ширум светот.

Бог е одговорен што ни дарил слобода, но луѓето се одговорни за она што го прават со слободата.

Но, да не заборавиме, не сме сами кога страдаме. Бог ќе стави крај на страдањата и злото. И Бог стана човек за да страда со нас.

Бог е добар и Тој сака вистински луѓе како тебе да Го познаваат, но имаш слобода на избор.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More