×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Постоењето на Бог

Научниците збунети од законите на природата

Зошто законите на природата се толку константни? Прочитајте зошто научниците се толку збунети од законите на физиката.

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Законите на природата не се однесуваат само nа Земјата. Целиот наш универзум ги почитува овие закони. И тие никогаш не се менуваат.

Ако кафето го оставите на шанкот секогаш ќе се оладува. Гравитацијата секогаш е предвидлива, никогаш случајна. Брзината на светлината е постојана. Земјата ротира 24 часа. (Ова е толку прецизно, што знаеме која година треба да додадеме престапна секунда на нашиот часовник, за да биде точен).

Зар не е чудно што нашиот универзум функционира според совршен ред? Зошто е тоа така?

Космологот Шон Керол забележува: „Законот на физиката е модел кој природата го следи без исклучок“.1

Научниците денес ја прифаќаат здраво за готово идејата дека универзумот функционира според закони. Целата наука се темели на она што авторот Џејмс Трефил го нарекува принципи на универзалноста: „Се смета дека законите на природата кои постојано ги откриваме во нашите лаборатории важат насекаде во универзумот и постојано се валидни“.2

Не само тоа! Додека научниците го запишуваат она што го забележуваат, тие не користат само зборови и параграфи. Законите на природата може да се документираат и со бројки. Може да се измерат и пресметаат со јазикот на математиката.

Најголемите научници се изненадени колку сето тоа е чудно. Не постои логична потреба еден универзум да следи правила, а уште помалку да функционира според правилата на математиката. Брзината на светлината секогаш подеднакво се мери на 186 000 милји во секунда, без оглед дали доаѓа од детска батерија или од некоја ѕвезда која е оддалечена неколку галаксии. Математички, постои конкретна брзина на светилната која никогаш не се менува.

Физичарот Јуџин Вигнер признава дека математичката поткрепа на природата „се граничи со мистериозноста и не постои рационално објаснување за тоа“.3 Ричард Фејнман, добитник на Нобелова награда за квантната електродинамика, вели: „Мистерија е зошто природата е математичка...фактот дека воопшто постојат правила е некаков вид на чудо“.4

Ова восхитување произлегува од сознанието дека универзумот не мора да се однесува на ваков начин. Полесно е да се замисли универзум во кој условите се менуваат непредвидливо, од миг во миг, или пак, универзум каде нештата одеднаш почнуваат да постојат или да исчезнуваат. Наместо тоа, научниците се држат до нивната долготрајна верба во фундаменталната рационалност на вселената.

Физичарот Пол Ч. Дејвис забележува: „... да се биде научник, мора да се верува дека универзумот е под власта на проверени, непроменливи, апсолутни, универзални, математички закони од неодредено потекло. Мора да верувате дека овие закони никогаш нема да потфрлат, дека нема утре да се разбудиме и да видиме дека топлината преминува од ладно во топло или дека брзината на светлината постојано се менува. Со години ги прашувам моите колеги физичари зошто законите на физиката се тоа што се?... најомилениот одговор ми е: ‘Не постои причина зошто се такви какви што се—едноставно се такви’“.5

Дури и со текот на времето, овие закони остануваат непроменливи. Истите закони на природата кои ги гледаме на Земјата владеат со ѕвезди кои се билиони светлосни години оддалечени. Една неодамнешна студија потврдува: „Според најновите истражувања, најважните бројки во физиката, соодносот на масата меѓу протонот и електронот е ист во галаксија која е шест билиони светлосни години оддалечена, како што е и тука на Земјата, отфрлајќи ја дебатата дали законите на природата варираат во различни места во универзумот“.6

Целата современа наука се темели на верувањето дека рационални закони постојат во универзумот. Главната категорија на современи научници кои поттикнаа истражување и откривање на овие закони се луѓе кои веруваа во постоењето на семоќен Бог. Зошто? Тие си го претставија универзумот како следи закони кои се во тек со рационалноста и величественоста на Бог Создателот. Како што е Бог постојан, непроменлив, така постои константа и во природата на науката. Тие веруваа дека Бог го создаде универзумот да функционира според закони, според божествена причина и со величествена убавина.

Ова е сосем поразлично од луѓето кои веруваа во многу богови, и секој од нив влијае врз универзумот според својот каприц или темперамент. Во општествата каде владеело многубоштвото, боговите биле непостојани, не можеле да се истражат и природата била под власта на богови кои не можеле да бидат спознаени. Универзумот функционирал, барем така тие мислеле, толку мистериозно колку и нивните богови, воопшто не ни помислувајќи дека може да биде поинаку. Концептот за универзум кој може да се открие, интелигентен универзум, со ред, кој може да биде и рационален и предвидлив, едноставно не бил дел од нивниот светоглед.

Христовите следбеници, од друга страна, веруваат дека Бог е рационален, мудар и сака да биде спознаен, откако видоа како Самиот се објавува во Исус Христос. Низ целата Библија среќаваме изјави како следниве:

„Зашто ним (на луѓето) им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите“.7

Најголемите достигнувања на современата наука се постигнати од луѓе кои веруваа во она што Писмото го вели за Бог, дека…

„Во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување“.8

Тие веруваа дека Бог создаде сè и го подреди на рационален начин, за човештвото да го открива и да има корист од тоа, за Божја слава, за да можеме да ја препознаеме Неговата моќ и величественост додека ги забележуваме Неговите моќни дела на создавање. „Њутон и неговите современици веруваа дека додека се занимаваат со науката, тие откриваат божествен план на универзумот во форма на неговиот основен математички ред“.9

Некои од главните научници чии дела биле поттикнати од нивната вера се: Коперник, Кеплер, Галилеј, Брахе, Декарт, Бојл, Њутон, Лејбниц, Гасенди, Паскал, Мерсен, Кивје, Харви, Далтон, Фарадеј, Хершел, Џул, Лиел, Лавоазје, Присли, Келвин, Ом, Ампер, Стено, Пастер, Максвел, Планк, Мендел.

Овие научници биле убедени дека Бог создаде величествен универзум кој може математички да се мери, што доведува до конкретни и вредни откритија. Тоа доведе до такви откритија како третиот закон на Кеплер според кој квадратот на времето на едно обиколување на планетата околу Сонцето е пропорционален на кубот на неговото главно растојание од Сонцето. Како некој може да го сфати ова? Кеплер го сторил тоа, најмногу поради фактот дека бил убеден дека постои прекрасен математички однос, кој е скриен и кој чека да биде откриен—поставен таму од организиран Бог чиј интелект далеку го надминува нашиот.

Денес, дури и најсветовните научници претпоставуваат дека природата олицетворува не само ред, туку едноставност и убавина.

Прашањето на научниците во потрага е легитимно... зошто универзумот има ред? За многу физичари, космолози, биолози, кои ги поставиле основите на современата наука, одговорот е јасен: постои Создател на сите нешта кој е рационален, Бог полн со љубов, кој постојано се открива себеси на човештвото и го поткрепува универзумот со Својата моќ.10

За други докази во врска со постоењето на Бог, погледни го Дали постои Бог?

Делови од оваа статија за постојаната природа на науката се преземени од Dinesh D'Souza, What's So Great about Christianity, Regnery Publishing, Inc., 2007, поглавје 11.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

Фусноти: (1)Sean Carroll, космолог на Калифорнискиот институт по технологија, цитиран од Њујорк Тајмс, New York Times, 2007. (2) James Trefil, Reading the Mind of God (Nowy Jork: Anchor Books, 1989), 1. (3) Eugene Wigner, The Unreasonable Effectiveness of Mathematics in the Natural Sciences во Douglas Campbell и John Higgins, Mathematics (Belmont, CA: Wadsworth, 1984), cz. 3, 117. (4) Richard Feynman, The Meaning of It All: Thoughts of a Citizen-Scientist (Nowy Jork: BasicBooks, 1998), 43. (5) Paul C. Davies, физичар, космолог, астробиолог на државниот универзитет во Аризона; цитиран во edge.org/3rd_culture/davies07/davies07_index.html (6) Dr. Emily Baldwin; Earth's Laws Still Apply in Distant Universe; AstronomyNow.com; Czerwiec 2008. (7) Римјани 1:19,20 (8) Колошани 1:16,17 (9) Paul C. Davies, цитиран во edge.org/discourse/science_faith.html (10) Евреи 1:1-3; Колошани 1:16-19; Јован 1:1-5; Исаија 40-66


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More