×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
П & O

Зошто да обожавам Бог Кој дозволува да се случуваат ужасни нешта?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

П: „Зошто да обожаваме Бог Кој дозволува да се случуваат ужасни нешта, како на пример, да се силуваат деца?“

Наш О: Имам еден близок роднина кој беше силуван како дете.

Верувајте ми.... од близу ми се познати сите начини на кои сексуалното злоупотребување може да наштети. Вистински го разбирам вашиот гнев.

Меѓутоа, не е Божја вина што луѓето одбираат да го земат доброто што Тој го создал и да го изопачат. Не е Негова вина што татковци си ги злоупотребуваат своите ќерки, или што мајки вербално ги малтретираат своите синови.

Ние, човечките битија, имаме доволно слобода да правиме така како што сме избрале да правиме.

Што треба да мислиме за тоа, зошто Бог не ги спречува луѓето до вршат зли нешта?

Што треба да мислиме за тоа, зошто Бог не нè спречува да им правиме лошо на другите луѓе?

Можеби посакуваме Бог да поставел одредени граници, така што кога луѓето ќе ги преминат, ќе бидат казнети. Можеби нашиот предлог е Бог да го убие секој човек што злоупотребува дете.

Што тогаш, со произведувачите на детската порнографија, кои можеби ги поттикнале овие луѓе да злоупотребуваат деца? Правилно ли би било, Бог да ги убие и нив?

Добро, а што треба Бог да прави, да речеме со луѓето кои се вербално насилни?

Зборовите можат многу да повредат. Ако прашате повеќе психолози, што предизвикува поголема штета кај луѓето – вербалното или сексуалното злоупотребување – ве уверувам, повеќето ќе кажат дека вербалната злоупотреба нанесува многу поголема повреда. И веќе има многу наштетено.

Дали Бог треба да ги затвори нашите усти, кога сакаме да изговориме навредливи зборови?

Ако светот функционираше на тој начин, како ќе изгледаше?

Дали луѓето ќе беа оставени така, да вријат во себе, зашто не ни е дозволено да кажеме што мислиме? Дали ќе знаевме длабоко во себе, дека другите не нè сакаат воопшто, само ни кажуваат убави зборови за да не бидат убиени од Божјиот страшен гром? Дали светот ќе беше уште поосамено место отколку што е сега?

Очигледно е дека ние го правиме она што избираме да го правиме. И не сфаќам како можеме да Му се лутиме на Бог, што ни дозволува тоа да го правиме.

Сепак, Бог не е отсутен. Бог ни кажува како најдобро да ги живееме нашите животи.

Зар не е вистина дека, ако сите ги следеа 10 -те заповеди, ниту едно дете немаше да биде силувано или малтретирано?

Зар не е вистина дека, ако сите ги следеа 10 -те заповеди, ништо никогаш немаше да биде украдено, ниту еден сопружник немаше да биде изневерен, ничиј син или ќерка немаше да бидат убиени?

Наместо да нè контролира, Бог ни дава слобода. Бог не се меша во ничии избори. Напротив, Тој нè уверува, дека сите, еден ден, ќе положиме сметка за она што сме го сториле и дека правдата ќе биде воспоставена. Судот ќе се спроведе врз основа на упатствата кои веќе ни биле дадени.

Проблемот е, што не е доволно да ни се каже како треба да си го живееме животот. Дури и самиот Бог го вели тоа.

Тоа што ни дал упатства за живот, како што е Библијата, не е доволно. Ако му кажете на оној кој злоупотребува деца дека е погрешно тоа да го прави, нема да му кажете ништо ново. Бог ни вели дека ни треба нешто подлабоко. Внатрешно водство, да, но и нешто повеќе од тоа. Внатрешна сила да го правиме она што е правилно. Токму тоа Бог го обезбеди за нас.

Еве што вели Бог дека ќе стане вистина во нашиот живот, ако одлучиме да се потпреме на Него: „Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас. Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас“.

Бог ни нуди да живее во нас. Исус рече: „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие“. Не живот без проблеми, туку живот кој има внатрешен поттик да го прави она што е правилно, и да му угодува на Бог, Кого Го познаваме сега. Бог ни нуди да гради однос со нас, кој, на уникатен начин создава стабилност и мир во нашиот живот.

Бог нè моли да чекориме низ животот заедно со Него, да Го познаваме, да бидеме променети преку свесноста за Неговата љубов кон нас, и како негови ценети пријатели, Тој да нè советува и да влијае на нас.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More